24фудбал

Арсенал ќе се обиде да го ангажира Клоп

Германскиот Кикер, пишува дека Арсенал ќе се обиде ова лето да го ангажира Јирген Клоп кој ја напушта Борусија Дортмунд по завршувањето на сезоната.

Англија
Јирген Клоп од следната сезона ќе води нов клуб, откако изјави дека ќе ја напушти Борусија Дортмунд, неговото име почна да се поврзува со повеќе тимови.
 
Како најизвесна дестинација е Премиер лигата, Ливерпул, Арсенал и Манчестер се клубовите од Англија кои се поврзуваат со Клоп.
 
Германецот и во минатото се споменуваше како можен наследник на Венгер, а според Кикер, Арсенал не сака да ја пропушти можноста да го ангажира сега кога е слободен.
 
Венгер има договор со Арсенал кој истекува по завршувањето на идната сезона, но германскиот весник пишува дека Французинот би можел да превземе други одговорности во клубот, а на Клоп да му го препушти кормилото.