24фудбал

Наполи уште во Германија обезбеди виза за полуфинале

Наполи со 4-1 победи на гостувањето кај Волфсбург и го реши прашањето за патникот во полуфиналето од овој дуел, Севиља со пресврт дојде до победа против Зенит.

Лига Европа
Наполи неочекувано славеше висока победа на гостувањето кај Волфсбург кој влезе како благ фаворит во овој меч, но Рафа Бенитез уште еднаш покажа дека е мајстор за куп натпревари.
 
Серијата ја отвори Игуаин уште во 15. минута а само осум минути подоцна веќе беше 2-0 откако и Хамшиќ ја затресе мрежата на Бенаљо.
 
Серијата погодоци продолжи во 64. минута, Хамшик повторно беше стрелец, а нововлезениот Габиадини беше реализатор на четвртиот гол за Наполи. Почесен гол за Волфсбрг постигна Бендтнер на десет минути пред крајот.
 
Поразот од 4-1 на домашен терен, би требало да биде невозможна мисија за Волфсбрг на Сан Паоло.
 
Севиља со пресврт во финишот од натпреварот дојде до победа на свој терен против Зенит.
 
Рускиот тим водеше по првото полувреме со гол на Риазантсев, но Бака и Суарез реализираа за триумф на шпанскиот тим.
 
Фиорентина со гол на Бабакар во 92. минута се спаси од пораз на гостувањето кај Динамо Киев, натпреварот заврши 1-1.
 
Немаше погодоци на дуелот помеѓу Клуб Бриж и Днипро.