24фудбал

Трагедија во Сараево, убиен навивач на Железничар

Вечерва околу 19:10 во просториите на Здружението на навивачи на клубот Железничар, на стадионот „Грбавица“ со истрели од огнено оружје убиен е 26-годишен навивач.

Останато
Пукањето се случило под северната трибина на стадионот на Железничар, а од здобиените рани на лице место починал 26-годишниот Мирза Рашчиќ.
 
На северната трибина била пронајдена и експлозивна направа, а точната причина за овие настани треба да биде позната по истрагата на полицијата која е во тек.
 
Босанските медиуми пренесуваат дека помеѓу навивачите на Железничар веќе долго време постои нетрпеливост помеѓу одредени подгрупи, па некои претпоставки велат дека денешното убиство е кулминација на тоа.
 
Мирза Рашчиќ бил верен навивач на Железничар и не пропуштал ниту еден меч на својот тим.
 
Фото: Аваз