24фудбал

Оскар: Среќен сум во Челзи

Фудбалерот од средниот ред на ’Сините’, Оскар вели дека е среќен на Стемфорд Бриџ и не размислува за заминување

Англија

Откако Жозе Мурњо го превзеде кормилото на Челзи во 2013 одлучи да му укаже доверба на младиот Бразилец, Оскар стана прв избор за плејмекерската позиција.

Хуан Мата, кој беше најдобар играч на ’Сините’ претходните две години, се пресели на клупата а подоцна и беше продаден.

Но во последно време се почесто се говори дека ’Специјалниот’ не е задоволен од игрите на Оскар, па ќе ги разгледа сите понуди што ќе пристигнат по крајот на сезоната.

Сепак, самиот играч вели дека е среќен на Стемфорд Бриџ и не размислува за промена на средината.

„Многу сум среќен тука” – вели Бразилецот. „Се сложувам добро со сите, и клубот во неколку наврати покажа дека ме цени”.

„Челзи е еден од најдобрите клубови во светот, па не гледам причина зошто да заминам”.

„Задоволен сум од досегашниот дел од сезоната на Челзи, како и од моите перформанси, но морам да признам дека можев да дадам малку поголем придонес”.

„Имаме различни тактики во зависност од противникот, и го почитуваме изборот на тренерот. Често предвреме ги завршував натпреварите, но го дадавам максимумот за да ги исполнам задачите”.