24фудбал

Дали Карвахал го гризна Манџукиќ?(ВИДЕО)

Карвахал за момент ги изгуби нервите во еден дуел со Марио Манџукиќ, и според снимките најпрво го гризна а потоа и го удри хрватскиот фудбалер но судијата Милорад Мажиќ не го санкционираше прекршокот.

Видео
УЕФА најави дека дополнително ќе ја разгледа спорната ситуација по што ќе одлучи дали ќе го казни фудбалерот на Реал Мадрид кој тврди дека не го гризнал Манџукиќ.
 
„По натпреварот видов дека сум обвинет дека сум го гризнал противничкиот играч, сакам да нагласам дека тоа не е вистина. Не го гризнав Манџукиќ, ниту сум имал таква намера" - изјави Карвахал.
 
Сепак шпанските медиуми пишуваат дека УЕФА се сомнева околу одлуката на Милорад Мажиќ и можно е Карвахал да заработи санкција.