24фудбал

Повеќе од половина милион евра за македонскиот шампион!

УЕФА ги објави наградите за екипите кои ќе настапуваат во европските купови во периодот од 2015 до 2018 година.

Лига на Шампиони
Европската куќа на фудбалот денеска ги објави зголемените награди за екипите кои ќе учествуваат во Лигата на Шампионите и во Лига Европа во наредните три сезони.
 
Македонскиот шампион ќе инкасира најмалку 550 000 евра, додека екипите кои ќе учествуваат во квалификациите за Лига Европа минималната сума која ќе ја добијат изнесува 200 000 евра.
 
Шампионот на Македонија квалификациите за Лигата на шампионите ги започнува од второто коло каде што го чекаат 300 000 евра, плус 250 000 за самото учество.
 
Победникот во Лигата на шампионите од наградите на УЕФА може да заработи максимум 65 милиони евра, додека освојувачот на Лига Европа нешто помалку од 19 милиони евра. 
 
Награди за квалификациите во ЛШ:
 
Учество – 250 илјади евра
Прво коло – 200 илјади евра
Второ коло – 300 илјади евра
Трето коло – 400 илјади евра
 
Награди за настап во ЛШ:
 
Пласман во групна фаза – 12 милиони евра
Победа – 1,5 милиони евра
Нерешено – 750 илјади евра
Осминафинале – 5.5 милиони евра
Четвртфинале – 6 милиони евра
Полуфинале – 7 милиони евра
Финале – 10,5 милиони евра
Европски шампион – 15 милиони евра
 
Награди за квалификациите во ЛЕ:
 
Прво коло – 200 илјади евра
Второ коло – 210 илјади евра
Трето коло – 220 илјади евра
Плеј-оф – 230 илјади евра
 
Награди за настап во ЛЕ:
 
Пласман во групна фаза – 2,4 милиони евра
Победа – 360 илјади евра
Нерешено – 120 илјади евра
Прво место во група – 500 илјади евра
Второ место во група – 250 илјади евра
Шеснаестинафинале – 500 илјади евра
Осминафинале – 750 илјади евра
Четвртфинале – милион евра
Полуфинале – 1,5 милиони евра
Финале – 3,5 милиони евра
Победник – 6,5 милиони евра