24фудбал

Хрватска убедлива, Бејл одличен против Израел, Чешка киксна (ВИДЕО)

Хрватска со 5-1 ја торпедираше Норвешка, Бејл постигна два гола за победа на Велс во Израел од 3-0, Чешка одигра само 1-1 против Летонија.

ЕУРО 2016
Хрватска ја покажа силата против Норвешка победувајќи со високи 5-1.
 
Коцкастите поведоа во 30. минута со гол на Брозовиќ, а голеадата следуваше во вториот дел.
 
Перишиќ и Олиќ погодија за убедлива предност од 3-0, Чорлука доби црвен картон, но и покрај тоа Хрватите до крајот на натпреварот реализираа уште два пати преку Шилденфилд и Прањиќ.
 
Велс со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Изреал, Ремзи го отвори резултатот кон крајот на првиот дел, а Бејл со два гола во второто полувреме го докрајчи противникот.
 
Чешка влезе како голем фаворит во дуелот со Летонија, но во 90. минута со гол на Пилар се спаси од пораз, натпреварот заврши 1-1.
 
Азербејџан со 2-0 ја победи Малта, а Исланд со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Казакстан и ја продолжи добрата форма која веројатно ќе ги однесе на Европското првенство во Франција.