24фудбал

Брновиќ: Немам зборови, поради однесувањето на навивачите нема да се квалификуваме на ЕП

Селекторот на црногорската репрезентација вели дека тој и неговите играчи немаат зборови за она што се случуваше на синоќешниот натпревар.

ЕУРО 2016
Примитивното однесување на фановите скапо ќе ја чини Црна Гора, тоа многу добро го знае селекторот Бранко Брновиќ.
 
„Моите фудбалери се разочарани, никој од нив не знае што да каже, дури ни јас не знам што да кажам" - вели селекторот на Црна Гора, Брновиќ.
 
„Со ова ги загубивме сите шанси да се квалификуваме на Европското првенство во Франција и ќе играме пред празни трибини на наредните домашни натпревари".
 
„Имаме среќа што нашиот претседател на федерацијата, Дејан Савичевиќ има голема почит во УЕФА".