24фудбал

Ѓуровски: Само Хасани покажа како треба да се игра за репрезентативниот дрес

Селекторот на македонската репрезентација, Бошко Ѓуровски е разочаран од изданието на своите фудбалери, како причина за поразот ја посочи и повредата на Положани.

Македонија
Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш покажа дека лошиот ранг на ФИФА листата не е случајност, и селекции како Белорусија почнаа да ни држат лекции на Арената Филип Втори.
 
Иако кога тимот игра слаби најголемата вина оди на адреса на тренерот, Ѓуровски има оправдувања за новиот неуспех.
 
„Отворивме добро, постигнавме брз гол и тоа беше одлично за нас. Но потоа како да се опуштивме, мислевме дека работата е завршена. А кога ќе паднете на психолошки план, после е многу тешко да се вратите, влегувавме од грешка во грешка. Белорусија заслужено победи" - изјави селекторот Ѓуровски.
 
„Повредата на Положани ни го сруши концептот, баш во делот на средината каде што и се одлучуваше победникот".
 
„Сите одиграа под своите можности, освен Хасани кој покажа како треба да се игра за Македонија, и Пачовски беше на ниво и покрај грешката за вториот гол".
 
„Кај останатите недостасуваше самодоверба, немаше играч кој може да ја земе топката и да одигра како што треба. Немаме голем избор на фудбалери, па на овие кои играа можеме само да им кажеме дека не сме задоволни, но не можеме и да ги промениме".