24фудбал

На Кејн му беа потребни само 80 секунди за да постигне гол на своето деби за Англија (ВИДЕО)

Хари Кејн имаше деби од соништата во дресот на англиската репрезентација, влезе од клупата во 72. минута а веќе во следната ја тресеше противничката мрежа.

ЕУРО 2016
Англија со 4-0 ја совлада Литванија и ја продолжи победничката серија во квалификациите за Европското првенство.
 
Меч кој вечно ќе го памети Хари Кејн, новата ѕвезда на англискиот фудбал.
 
Напаѓачот на Тотенхем дебитираше во дресот на англиската репрезентација и тоа го направи со гол, му беа потребни само 79 секунди откако влезе во игра да постигне гол.
 
Во листата на стрелци се запишаа и Руни, Велбек и Стерлинг.