24фудбал

Инцидент во Подгорица: Акинфеев погоден со факел во главата, натпреварот е прекинат (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи на квалификацискиот натпревар помеѓу Црна Гора и Русија, домашен навивач со факел го погоди Акинфеев во главата, натпреварот е прекинат.

ЕУРО 2016
Натпреварот во Подгорица е прекинат уште на самиот негов старт, во првата минута, откако домашни навивачи со факел го погодија голманот на Русија Акинфеев.
 
Игор Акинфеев веднаш бил префрлен во болница, а играчите и на двете селекции заминале во соблекувалните.