24фудбал

Сколс: Манчестер јунајтед со Бејл би бил сериозен конкурент за титулата

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс смета дека неговиот поранешен клуб треба да го ангажира Герет Бејл за да биде конкурент за најголемите трофеи.

Англија
Герет Бејл ја губи наклоноста на фановите на Реал Мадрид, се помалку е посакуван на Сантијаго Бернабеу, па чести се шпекулациите кои го поврзуваат со заминување од клубот.
 
Еден од кандидатите за неговиот потпис е Манчестер јунајтед, Сколс смета дека Бејл би бил перфектно засилување за неговиот поранешен клуб.
 
„Имам чувство дека Бејл би бил перфектен за Манчестер јунајтед" - вели Сколс.
 
„Се разбира како фан на мојот поранешен клуб би сакал да го видам него таму, од секогаш сум мислел дека Бејл природно би се вклопил во Јунајтед како што во Тотенхем од лев бек стана еден од најдобрите офанзивни фудбалери во земјата".
 
„Би бил сакан на Олд Трафорд, мислам дека со него тимот на Ван Гал би бил сериозен претендент за титулата следната сезона".
 
„Додека играв за Јунајтед имаше некои засилувања кои се претвораа во многу значајни за тимот, од Ерик Кантона, преку Двајт Јорк, Руд ван Нистелрој до Вејн Руни. Овие играчи станаа одлични фудбалери за Јунајтед, Бејл има потенцијал да биде значаен како нив".