24фудбал

Заврши сезоната за Маркисио

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Клаудио Маркисио ќе паузира од шест до осум месеци поради повреда на вкрстените лигаменти на коленото

Италија

29 годишниот Маркисио повредата ја заработи на денешниот тренинг со репрезентатицијата на Италија.

Во прв момент се претпставуваше дека повредата не е страшна, но деталните прегледи ги донесоа најлошите вести, репрезенативецот на ’Ацурите’ ги оштетил вркстените лигаменти на десното коленото.

Со ваква прогноза Клаудио Маркисио ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци, но паузата би можела да биде и подолга, односно до осум месеци.

Ова се лоши вести за Јувентус, со оглед на тоа дека ’Старата Дама’ неодамна остана без услугите и на Пол Погба.