24фудбал

Ковачиќ во Ливерпул за 30€ милиони?

Според пишувањата на медиумите од Англија и Италија, Матео Ковачиќ ќе го напушти Интер по крајот на сезоната и ќе се пресели во Ливерпул

Англија

Репрезентативецот на Хрватска неодамна потпиша нов договор, но се говори дека ’Нероаѕурите’ ќе го жртвуваат талентираниот Матео Ковачиќ за Јаја Туре да пристигне на Џузепе Меаца.

Медиумите од Англија и Италија пренесуваат дека Ливерпул и Интер веќе постигнале договор за зделка вредна 30 милиони евра, и Матео Коваќиќ по крајот на сезоната ќе се пресели на Енфилд.

Останува да се види дали има вистина во ваквите написи, за услугите на 20 годишниот фудбалер од средниот ред интерес пројавуваат уште неколку клубови, помеѓу кои Арсенал и Барселона.