24фудбал

Ѓуровски: Ако сакаме да победиме не смееме да грешиме

Селекторот на Македонија, Бошко Ѓуровски се надева на победа против Белорусија, но вели дека за тоа да се случи мора да се поправи реализацијата и концентрацијата во одбраната.

Македонија
Утре со почеток во 20:45 часот, Македонија ќе го започне квалификацискиот дуел против Белорусија на Арената „Филип Втори“.
 
„Веројатно со Белорусија ќе водиме битка за четвртото место до самиот крај на квалификациите. Но со утрешен успех можеме да направиме и притисок врз Украина" - вели селекторот Ѓуровски.
 
„Треба да бидеме задоволни од нашата игра во изминатиот период, но не и од реализацијата. Од сработеното деновиве добив надеж дека тоа може да го подобриме, мораме бидејќи ова е клучен натпревар. Но што и да се случи нема откажување до крајот на квалификациите".
 
„Отсуството на Адеми е поголем проблем од отсуството на Ѓуровски, бидејќи Марио не беше дел од претходните натпревари за разлика од Адеми. Во составот ги имаме Велковски, Блажевски, Ибраими, Абдурахими, Трајковски, Хасани, тоа се играчи кои можат во секој момент да дадат гол. Се надевам дека ќе успееме сите заедно со агресивен и концентриран пристап да дојдеме до успех".
 
„Проблем ни е реализацијата, но фали и комуникација и концентрација во одбраната, не смееме да примаме наивни голови. Ако одиграме сконцентирано, можеме да се надеваме на добар резултат утре".