24фудбал

Барса го победи Реал Мадрид и направи голем чекор кон титулата (ВИДЕО)

Барселона со 2-1 го победи Реал Мадрид на Камп Ноу и се одлепи на четири бода пред големиот ривал на врвот во Примера.

Шпанија
Барселона и Реал Мадрид одиграа интересно Ел Класико кое го добија каталонците со 2-1.
 
Реал Мадрид добро го започна натпреварот, имаа одлична шанса за водство преку Роналдо кој ја погоди пречката.
 
Резултатот беше отворен во 19. минута кога по центаршут на Меси, Матју реализираше со глава за голема радост на Камп Ноу.
 
Десетина минути подоцна по една одлична акција и супер асистенција со пета на Бензема, Роналдо го изедначи резултатот на 1-1.
 
Реал Мадрид беше подобар во првото полувреме, имаше неколку шанси за комплетен пресврт, но во второто следуваше пад на кралскиот клуб.
 
Барселона доминираше во текот на второто полувреме, во 56. минута Суарез реализираше за ново водство на Барселона кое значеше и победа од 2-1.
 
До крајот на натпреварот Барса имаше шанси за поубедлива победа, но не успеаа и по трет пат да ја затресат мрежата на Касиљас.
 
По овој триумф Барселона има четири бода пред Реал Мадрид на десет кола пред крајот на сезоната.


Barcelona vs Real Madrid 2-1 2015 - All Goals... by ermal-dobratiqi