24фудбал

Бекам: Реал Мадрид ќе ја победи Барселона со 2-1 (ВИДЕО)

Англиската фудбалска икона, Дејвид Бекам смета дека неговиот поранешен клуб ќе ја победи Барселона на Камп Ноу со 2-1.

Шпанија
Дејвид Бекам кој помина на Бернабеу пет години и знае како е да се освои Примера, деновиве е во Мадрид поради некои маркетинг активности.
 
Во пресрет на големиот Ел Класико дуел помеѓу Барселона и Реал Мадрид неговото присуство во главниот град беше искористено и за прашања поврзани со фудбалот.
 
И покрај тоа што за разлика од Барса, Реал Мадрид во лоша форма влегува во вечното дерби, Дејвид Бекам смета дека неговиот поранешен клуб ќе победи со 2-1.