24фудбал

Пофалби за Меси од сите страни

Лео Меси вчера имаше извонредна партија против Манчестер Сити, па на адреса на Аргентинецот пристигнаа голем број на пофалби

Лига на Шампиони

’10та’ на Барса беше прилично расположена за фудбал вчера, во неколку наврати ја измеша одбраната на ’Граѓаните’ и креираше голем број на шанси за своите соиграчи.

Фудбалскиот свет беше воодушевен од перформансите на Лео Меси па на негова адреса пристигнаа многу пофалби.

„Сите знаеме за што е способен Лео Меси” – рече тренерот на Барселона, Луис Енрике. „Нема сомнеж, тој е најдобриот фудбалер во светот и најдобар во историјата”.

Менаџерот на Манчестеар Сити, Мануел Пелегрини рече: „Барселона во моментов е најдобриот клуб, бидејќи во своите редови го има најдобриот играч на планетата”.

Пеп Гвардиола, кој вчера беше на трибините на Камп Ноу рече: „Привилегија е да се гледа Лео Меси”.

Хавиер Маскерано го опиша својот сонародник како ’жива легенда’, а стрелецот на единствениот гол, Иван Ракитиќ истакна дека дури и играчите на Манчестер Сити уживале во играта на Лео Меси.

На социјалните мрежи Аргентинецот беше топ тема, а легнедата на Англија, Гери Линкер напиша дека повеќе не треба да се води дебата за тоа дали Роналдо или Меси е најдобар фудбалер во светот.

„Меси дефинитивно е најдобриот играч кој истрачал на теренот. Не се обидувајте да го оспорите овој факт” – напиша Линекер.

„Мерка за големината на Меси е тоа што прави играчи од светска класа како Агуеро и Суарез да изгледаат прилично обични во споредба со него”.

„Меси е од друга планета” – напиша Џон Арне Рисе.

„Меси ќе победи дури и ако игра сам против Сити” – напша Хосе Енрике. „Неверојатно. Најдобар во светот кога сака да игра”.