24фудбал

Гвардиола се фати за глава по феноменалниот потег на Меси (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола беше воодушевен од играта на Лео Меси на дуелот помеѓу Барселона и Манчестер Сити

Лига на Шампиони

Тренерот на Баерн Минхен беше на трибините на Камп Ноу за да го проследи дуелот на својот поранешен клуб против актуелниот шампион на Англија.

Неговото присуство во ложата привлече големо внимание, камерите често беа вперени кон Пеп Гвардиола.

Таква беше и ситуацијата кон средината на првото полувреме, кога на теренот Лео Меси ја покажа својата магија и му ја протна топката низ нозе на Џејмс Милнер.

Пеп Гвардила не ја криеше воодушевеноста од потегот на Аргентинецот и се фати за глава.