24фудбал

Барса и Јуве рутински во четврт-финале (ВИДЕО)

Барселона и Јувентус се последните патници во четврт-финалето од Лигата на Шампионите, ’Каталонците’ и ’Старата Дама’ со нови победи го потврдија пласманот помеѓу осумте најдобри

Лига на Шампиони

На Камп Ноу, Барселона и Манчестер Сити одиграа возбудлив натпревар кој заврши 1-0 само благодарејќи на голманите Џо Харт и Тер Штеген.

Барселона го имаше поседот на топката, избраниците на Луис Енрике доминираа на теренот, а добрата игра во предност од 1-0 ја претвори Ракитиќ во 31. минута од средбата.

Суарез потоа имаше прекрасна шанса за водство од 2-0 но Уругваецот ја погоди само стативата.

На стартот од вториот дел Иниеста, Алба и Меси се заканија но Џо Харт беше на висината на задачата и го сочува својот гол.

Потоа во луди 60 секунди, Манчестер Сити имаше прилика за гол по акцијата на Навас, но откако гостите не се снајдоа најдобро, Барса преку брз против напад се закани преку Меси, но Џо Харт успеа да го сопре Аргентинецот.

Голманот на Сити потоа беше поуспешен и во дуелот со Нејмар откако се најде очи во очи со Бразилецот.

Ваквите промашувања можеа скапо да ја чинат Барса откако судијата контроверзно покажа на белата точка по еден дуел на Пике и Агуеро.

Напаѓачот сам ја изведе најстрогата казна но Тер Штеген се фрли на правата страна и не дозволи мрежата на Барса да биде затресена.

До крајот на натпреварот Барселона имаше уште неколку шанси, но Џо Харт беше несовладлив, па натпреварот заврши со минимална победа на ’Каталонците’.

На Сигнал Идуна Парк, Јувентус славеше со 3-0 и со убедлива победа се пласираше во следната рунда.

Резултатот беше отворен по само три минути игра, Карлос Тевез од 20 метри биеше силно под пречка за предност на ’Старата Дама’ од 1-0.

По раното водство, Јуве се повлече, Борусија Дортмунд ја презведе иницијата но избраниците на Клоп не успеаа посериозно да се заканаат по голот на Буфон.

Во вториот дел по еден брз против напад, Мората зголеми на 2-0 а по една слична акција, Тевез ги постави конечните 3-0.

Барселона - Манчестер Сити 1-0


Борусија Дортмунд - Јувентус 3-0