24фудбал

Давид Луиз: Се извинувам за прославата на голот

Давид Луиз му се извини на Челзи поради тоа што го прослави голот кој го постигна против својот поранешен клуб, но вели дека не можел да ги контролира емоциите.

Лига на Шампиони
Најчесто фудбалерите кои ќе постигнат гол против својот поранешен клуб, не ги прославуваат погодоците поради почит кон тимот за кој претходно играле. Но тоа синоќа не беше случај и со Давид Луиз.
 
„Мојот циклус во Челзи заврши. ПСЖ ми даде одлична можност да ја продолжам кариерата. Бев многу среќен во Челзи. Ги почитувам сите" - изјави Давид Луиз.
 
„Пред натпреварот си реков дека доколку постигнам гол, нема да славам, но не можев да ги контролирам емоциите".
 
„Му благодарам на Челзи и жалам што прославив, имав премногу емоции во мене".
 
„Среќен сум поради пласманот во следната рунда, ова е голем ден за ПСЖ и за градот Париз, но долг е патот во Лигата на шампионите, треба да останеме на земја".