24фудбал

Шахтјор го доби најбрзиот црвен картон во историјата на ЛШ

Олександр Кучер од Шахтјор е фудбалерот кој најбрзо бил исклучен во натпревар од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони
Баерн Минхен со убедливи 7-0 го прегази Шахтјор и на убедлив начин се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
 
За задачата на Баерн да биде уште полесна се погрижи Олександр Кучер кој доби црвен картон по само две минути и 39 секунди игра. Тоа е најбрзиот црвен картон во историјата на Лигата на шампионите.