24фудбал

Плукачите Еванс и Сисе можат да добијат суспензија од шест натпревари

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Џони Еванс и напаѓачот на Њукасл Папис Сисе, би можеле да добијат суспензија од шест натпревари поради меѓусебно плукање.

Англија
За време на вчерашниот дуел двајцата фудбалери се плукаа меѓусебно, но судијата Ентони Тејлор не им покажа картон.
 
Фудбалската Асоцијација ќе го почека извештајот на судијата а потоа ќе превземе акција.
 
Во минатото Горан Попов беше суспендиран три натпревари откако го плука Вокер од Тотенхем, но од оваа сезона ФА одлучи двојно да ја зголеми казната за вакви инциденти.