24фудбал

Јунајтед сеуште нема одлучено за иднината на Фалкао

Медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека Луј ван Гал дури кон финишот на сезоната ќе одлучи за иднината на Радамел Фалкао

Англија

Репрезентативецот на Колумбија во последниот ден од летниот преоден рок се пресели на Олд Трафорд на позајмица до крајот на сезоната.

Радамел Фалкао не се снаоѓа најдобро во Премиерлигата, игра под очекувања, па често се говори за неговата иднина.

’Црвените Ѓаволи’ можат да го направат неговиот трансфер перманентен, а според денешното издание на L’Equipe, Манчестер Јунајтед сепак нема да ја искористи оваа опција и веќе го известил Монако дека нема во целост да го откупи играчот.

Но медиумите од ’Островото’ велат дека ваквите написи не се вистините.

Според Press Association, Манчестер Јунајтед сеуште нема одлучено за иднината на Радамел Фалкао.

Менаџерот Луј ван Гал дури кон финишот на сезоната ќе одлучи дали напаѓачот и во иднина ќе го носи дресот на ’Црвените Ѓаволи’.