24фудбал

Манчестер Сити го сака Карло Анчелоти за нов тренер

Раководството на Манчестер Сити не е задоволно од работата на Мануел Пелегрини па може да му врачи отказ по крајот на сезоната, нивна прва желба е Карло Анчелоти.

Англија
Според англиските медиуми, раководството на Сити размислува за промена на тренерската позиција.
 
Манчестер Сити има негатива од пет бодови во однос на Челси и натпревар повеќе, а тимот на Пелегрини е пред елиминација во Лигата на шампионите.
 
Договорот на Карло Анчелоти истекува по крајот на оваа сезона а Реал Мадрид сеуште не му понудиле продолжување.
 
Манчестер Сити ќе се обиде да ја искористи ваквата ситуација и да го донесе италијанскиот стратег.
 
Карло Анчелоти има искуство во Премиер лигата, во 2010 го предводеше Челси до титулата.