24фудбал

Пандев потпишал две годишен договор со Џенова

Според италијанските медиуми, Горан Пандев потпишал две годишен договор со Џенова со опција за продолжување кој треба да се официјализира во летниот преоден рок.

Италија
Откако ќе заврши сезоната Горан Пандев како слободен фудбалер ќе се врати во италијанската Серија А.
 
Неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Џенова, со која според италијанските медиуми, Пандев веќе потпишал пред договор.
 
Кориере Меркантиле пишува дека Пандев потпишал на две години со опција за уште една дополнителна.