24фудбал

Ди Марија бил премногу грд за да игра во Реал?

Директорот на Барселона, Карлес Рексач вели дека Реал Мадрид го продал Анхел Ди Марија бидејќи Аргентинецот бил премногу грд

Шпанија

И покрај тоа што репрезентативецот на ’Гаучосите’ минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, ’Кралевите’ се разделија со Анхел Ди Марија а на негово место го ангажираа Џејмс Родригез.

Според Карлес Рексач, лидерите на Реал се решиле на еден ваков чекор бидејќи Аргентинецот бил премногу грд.

Директорот на Барселона, во интервју за Regio 7 вели дека Флорентино Перез сака да креира ’Галактикос’ тим на теренот но и надвор од него за да завладее со светскиот пазар

„Висенте Дел Боске и Ди Марија се премногу грди за Реал” – вели Рексач.

„Флорентино Перез цели кон светскиот пазар, сака ’галактикос’ тим на кој сите ќе му се восхитуваат”.