24фудбал

Хасани го спаси Брондби од пораз

Македонскиот интернационалец, Ферхан Хасани му донесе бод на Брондби во дерби натпреварот против Митјиланд.

Македонија
Во 19. коло од данското првенство, Брондби беше домаќин на лидерот на табелата, тимот на Митјиланд.
 
Гостите дојдоа во водство со гол на Пушиќ во 53. минута, а за проблемите да бидат поголеми за Брондби се погрижи Елмандер кој пет минути подоцна заработи црвен картон.
 
Но Брондби го имаше Хасани кој погоди во 76. минута и го спаси неговиот тим од пораз.