24фудбал

Со два спектакуларни гола Ливерпул го победи Манчестер Сити (ВИДЕО)

Ливерпул со 2-1 го совлада Манчестер Сити на Енфилд и ја продолжи добрата форма, Хендерсон и Кутињо постигнаа прекрасни голови.

Англија
Тимот на Брендан Роџерс ја продолжи одличната форма во Премиер лигата откако на Енфилд го совладаа и силниот тим на Манчестер Сити.
 
Ливерпул поведе во 11. минута кога Хендерсон распука од далечина, топката заврши во аголот на немоќниот Харт.
 
Но радоста не траеше долго во 25. минута по асистенција од Агуеро, Един Џеко го изедначи резултатот на 1-1.
 
На 15 минути пред крајот на натпреварот Енфилд е на нозе по уште еден супер гол, овој пат на Кутињо кој реализираше за конечни 2-1 за Ливерпул и големи три бода.
 
Триумф на кој се радува и Жозе Мурињо, Манчестер Сити не успеа да се доближи до Челзи кој ова коло нема да игра поради финалето во Лига Купот.
 


Liverpool 2 - 1 Manchester City All Goals and... by ViralDailyTV