24фудбал

Венгер: Потфрливме и во нападот и во одбраната

Арсен Венгер е разочаран од изданието на својот тим на натпреварот против Монако кој Топџиите го загубија со 3-1.

Лига на Шампиони
Арсенал влезе како голем фаворит во дуелот со Монако, а заврши со негатива од два гола разлика, нападот предводен од Жиру изгледаше очајно, а во одбраната Мертесакер му овозможуваше погодоци на противникот.
 
Арсен Венгер е крајно разочаран од случувањата на теренот.
 
„Грешевме и во нападот и во одбраната. Имавме шанси, не ги искористивме, а во дефанзивата му подаривме погодоци на противникот" - изјави Венгер по натпреварот.
 
„Ментално не бевме доволно подготвени за овој натпревар. Физички сме силни, но ги пропуштивме шансите. Во нападот промашувавме, во одбраната бевме слаби, но најголемиот проблем ни беше менталитетот".