24фудбал

Суарез сепак не го гризна Демикелис (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави нова снимка од која јасно се гледа дека Луис Суарез не го гризнал Мартин Демикелис

Лига на Шампиони

По вчерашниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Барселона на ЈуТјуб се појави видео од еден дуел помеѓу Луис Суарез и Мартин Демикелис.

Снимката беше прилично матна, но можеше да се забележи како напаѓачот на Барселона ја движи својата гава кон раката на дефанзивецот на Манчестер Сити, по што Уругваецот беше обвинет дека го гризнал противничкиот играч.

Сепак, попладнево се појави појасна снимка од друг агол, од која се гледа дека Суарез дефинитивно не го гризна Демикелис.