24фудбал

Луис Енрике: Меси останува нашиот пенал изведувач

И покрај тоа што синоќа не реализираше пенал по трет пат оваа сезона, Луис Енрике вели дека Лео Меси останува фудбалерот кој ќе ги шутира ударите од белата точка.

Лига на Шампиони
Во 94. минута Лео Меси пропушти фантастична можност да и донесе предност на Барселона од 3-1 и да стави крај на сите дилеми околу пласманот во четвртфиналето, но Аргентинецот не реализираше пенал, тоа беше неговото трето промашување оваа сезона.
 
„Оние кои промашуваат пенали се оние кои имаат храброст да ги изведат, и нашиот пенал изведувач без сомнение е Лео Меси. Ние имаме апсолутна доверба во неговиот капацитет да ги изведува" - вели Луис Енрике.
 
„Што се однесува до резултатот, тој е заслужен и мораме да бидеме горди на него. Тешко е да се реши уште во првиот натпревар ваков дуел, но имавме многу шанси".
 
„Во првото полувреме бевме многу добри. Креиравме многу шанси и се браневме многу добро. Бевме добри во сите делови на теренот".
 
„Во второто полувреме нашиот противник ги покажа квалитетите, но резултатот е заслужен. Задоволни сме".