24фудбал

Клоп: Поразот од 2-1 е одличен резултат

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп е задоволен од минималниот пораз на гостувањето кај Јувентус.

Англија
Борусија Дортмунд ја загуби првата осминафинална битка против Јувентус, но Клоп е задоволен од резултатот.
 
„Одигравме навистина добро во првото полувреме, но примивме навистина глупав гол, не ми е лесно да прифатам така примени голови" - вели Клоп.
 
„Но по изедначувањето игравме одлично. Во второто полувреме имавме само една или две мали шанси, додека Јуве имаше една голема за 3-1".
 
Клоп поради повреди пред време мораше да ги извади Пишчек и Сократис.
 
„Доколку Пишчек не се повредеше тоа ќе беше супер ноќ за нас. Никој не очекува тука да победиме 3-0 и да имаме лесен реванш. Сметам дека поразот од 2-1 е одличен резултат".