24фудбал

Липи: Не го потценувајте Дортмунд

Марчело Липи му порачува на својот поранешен клуб дека не смее да го потцени тимот на Борусија Дортмунд и покрај тоа што тие играат лоша сезона во Бундеслигата.

Лига на Шампиони
Вечерва Јувентус го пречекува тимот на Борусија Дортмунд во натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
 
Дортмунд игра очајна сезона во Бундеслигата, а неодамна беше и на последната позиција на табелата. Но искусниот Марчело Липи знае дека не смее да се потцени тимот предводен од Јирген Клоп.
 
„Борусија Дортмунд ќе го презентира својот квалитет" - вели Липи за Кикер.
 
„Јасно е дека Клоп е одличен тренер, а тимот има квалитет кој може да блесне".
 
„Јувентус не смее да си дозволи да го потцени Дортмунд поради нивната позиција во Бундеслигата".
 
Марчело Липи го водеше Јувентус во финалето од Лигата на шампионите 1997 кога загубија од Борусија Дортмунд.
 
„Се разбира не можам да го заборавам финалето на Олимпискиот стадион во Минхен, таа ноќ се се одвиваше лоша за нас".
 
„Јувентус беше посилен на хартија, но сите знаеме што се случи. Многу неубав спомен".