24фудбал

УЕФА нема да го казни Феенорд

Европската куќа на фудбалот вели дека нема да го казни Феенорд поради дивеењето на навивачите на овој клуб во Рим

Лига Европа

Изминатите два дена навивачите на Феенорд направија огромни нереди во главниот град на Италија.

Кршеа излози, оштетија споменици и се судрија со полицијата.

Градоначалникот на Рим остро го осуди дивеењето на хулиганите од Холандија, а истото го стори и Премиерот на Италија, кој побара казна за ваквото однесување.

На оваа тема денеска се огласи и УЕФА, европската куќа на фудбалот вели дека рацете и се врзани бидејќи инцидентите се случиле надвор од стадионот, па тие нема да можат да го казнат Феенорд.

„УЕФА ги осудува инцидентите и насилството што се случи во Рим” – вели портпаролот на европската куќа на фудбалот.

„Сепак, бидејќи инцидентите се случија надвор од стадионот, УЕФА не може да реагира”.

„Локалните власти треба да покренат истрага”.