24фудбал

Суспензија од четири европски натпревари за Марковиќ

УЕФА му додели суспензија од четири натпревари на Лазар Марковиќ поради црвениот картон кој го доби на дуелот со Базел во декември.

Лига Европа
Нормалната казна на фудбалерот е три натпревари поради прекршокот на дуелот со Базел од Лигата на Шампионите, но доби и еден дополнителен бидејќи беше исклучен и на дуелот за Бенфика во полуфиналето од Лига Европа минатата сезона.
 
Лазар Марковиќ ќе ги пропушти двата натпревари против Бешикташ во Лига Европа, а нема да настапи и на следните два доколку Ливерпул го помине турскиот претставник.
 
Марковиќ за ваквата казна реагираше на својот твитер провил на кој стави слика од себе си и напиша само  "4?"