24фудбал

Три натпревари суспензија за Диего Коста

Фудбалската Асоцијација на Англија соопшти дека напаѓачот на Челзи, Диего Коста добил три натпревари суспензија поради недолично однесување на дуелот со Ливерпул

Англија

ФА покрена постапка против репрезентативецот на Шпанија откако ТВ камерите го уловија фудбалерот на Челзи како го нагазнува Емре Чан на дуелот против Ливерпул во Лига Купот.

Диего Коста и Челзи вчера ја оспорија ваквата одлука, ’Сините’ се правдаа дека напаѓачот немаерно нагазнал на ногата на противничкиот играч.

Па затоа целиот случај утрово го разгледа Независна Регулаторна Комисја, која го прогласи Диего Коста за виновен за недолично однесување и му изрече суспензија од три натпревари.

Казната стапува на сила веднаш, па Жозе Мурињо нема да може да смета на својот најдобар стрелец за утрешното дерби против Манчестер Сити, како и на дуелите со Астон Вила и Евертон.