24фудбал

Челзи смета дека Диего Коста не е виновен

Напаѓачот на Сините се соочува со три или повеќе натпревари суспензија доколку биде прогласен за виновен за стартот врз Емре Чан, би можел да го пропушти големото дерби против Манчестер Сити.

Англија
ФА покрена обвинение против Диего Коста кој го згазна Емре Чан на дуелот од Лига Купот против Ливерпул.
 
Челзи се жали на ваквата одлука, Сините сметаат дека стартот не бил намерен.
 
ФА утре ќе ја донесе одлуката, и доколку Диего Коста биде прогласен за виновен, ќе добие три или повеќе натпревари суспензија, казната ќе стартува веднаш и тој ќе ги пропушти големото дерби против Сити.
 
Прогнозите се дека Челзи ќе ја загуби битката со ФА и Мурињо нема да може да смета на Коста за следните три натпревари.