24фудбал

Ван Гал: Фалкао мора да се докаже

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал вели дека напаѓачот Радамел Фалкао мора да ја докаже својата класа

Англија

Репрезентативецот на Колумбија во последниот ден од летниот преоден рок се пресели на позајмица во Манчестер Јунајтед, беше најавуван како големо засилување но не успева да се снајде на Олд Трафорд.

До овој момент Радамел Фалкао има постигнато само три гола во Премиерлигата и на големо изненадување беше изоставен од составот за дуелот со Саутемптон изминатиот викенд.

Очигледно Луј ван Гал не е задоволен од залагањето на напаѓачот и на денешната прес-конференција истакна дека Радамел Фалкао мора да се докаже доколку сака поголема минутажа и перманентен трансфер на Олд Трафорд.

„Мора да се докаже, се договоривме” – вели Холанѓанецот. „Ја направивме оваа зделка и се е јасно. Не е крај на годината па тој ќе има шанси да го стори тоа”.

„За мене нема разлика дали се работи за играч кој чини 95 милиони фунти или 5 000 фунти”.

„Верувам дека за вас е тешко да го разберете ова, но мора да се докажете”.

„Играч кој вреди 95 милиони фунти исто така мора да се докаже. Доколку немам ваков став, тогаш играчот можеби ќе нема мотивација. Па морам да сум ваков”.