24фудбал

Торес: Среќен сум

Фернандо Торес е среќен поради двата постигнати гола на Сантијаго Бербанеу со кои му помогна на Атлетико Мадрид да го елиминира големиот градски ривал од Купот на Шпанија.

Шпанија
Во јануарскиот преоден рок Торес се врати дома, на местото каде што и започна, повторно го облече дресот на Атлетико Мадрид, многумина се сомневаа дека може да биде успешен, но тој синоќа покажа дека сеуште може да им носи радост на навивачите.
 
Ел Нињо погоди во првата минута од првото полувреме и во првата минута од второто полувреме и беше најзаслужен за елиминацијата на Реал Мадрид.
 
„Многу сум среќен, раниот гол беше клучен, по него можевме да играме онака како што сакаме. Никогаш не бевме во опасност" - вели Торес.
 
„Секогаш е комплицирано да се игра на Сантијаго Бернабеу. Кога израмнија на 1-1, можеби имаа некакви шанси, но кога погодивме за 2-1, се беше решено".
 
„Насмевката на моето лице е за победата и двата постигнати гола на овој стадион на кој не можев во минатото да постигнам погодок".