24фудбал

Мендеш: Во било кој друг тим Фалкао би играл по 90 минути секој натпревар

Агентот на Радамел Фалкао, Жорге Мендеш не е задоволен од моменталната ситуација на неговиот клиент, вели дека тој во секој друг клуб би играл на секој натпревар по 90 минути.

Англија
Радамел Фалкао не беше ниту на клупата за резеврни играчи на натпреварот против Саутемптон, па тоа дополнително ги потикна шпекулациите за неговата иднина.
 
Последен кој се поврзува во потписот на Фалкао е италијанскиот шампион, Јувентус.
 
Запрашан дали Фалкао ќе се пресели во Серија А, Мендеш одговори: „Не знам. Тој е фантастичен фудбалер и мислам дека е многу тешко за фановите на Манчестер јунајтед, тие имаат апсолутно фантастичен фудбалер, еден од најдобрите во светот, кој без сомнение би играл по 90 минути на секој натпревар, во било кој друг клуб".
 
„Вистината е дека во моментов не знаеме што ќе се случи. Она што знаеме е дека тој следната сезона ќе игра во некој од најдобрите клубови во светот, без разлика дали тоа ќе биде Манчестер јунајтед или не".
 
„100% сум сигурен во тоа. Но ќе видиме каде, знаете како е во фудбалот, треба да почекаме малку и ќе видиме што ќе се случи".