24фудбал

Македонија 100. на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација ја завршува 2014 година на 100. место на ФИФА ранг листата.

Македонија
Македонија има напредок од три позиции на најновата ФИФА ранг листа која излезе денес.
 
Од нашата квалификациска група, Шпанија е најдобра на 9. место, следува Словачка на 21., Украина е 25, Белорусија е една позиција пред нас, Луксембург е најслаб, ја заврши годината на 128. место.
 
Нема промени во топ десет, Германија и натаму е лидер, по неа следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.