24фудбал

Лут фан на Сантос го тужи Нејмар

Фан на Сантос верува дека Нејмар не се залагал доволно против Барселона на Светското Клупско Првенство па го тужи репрезентативецот на ’Кариоките’

Останато

Адвокатот Лусиано Капароз Переира, фан на Сантос, потрошил неколку илјади евра за во декември 2011 да отпатува во Јапонија и да го следи својот клуб на Светското Клупско Првенство.

Дома се вратил разочаран со оглед на тоа дека Барселона лесно со убедливи 4-0 славеше над Сантос.

Но неговите фрустрации се зголемиле неколку месеци подоцна, кога било објавено дека главната ѕвезда на Сантос, Нејмар веќе го имал договорено трансферот на Камп Ноу.

Тој верува дека Нејмар не се залагал доволно на дуелот со Барселона, се чувствува измамен па затоа решил да го тужи репрезентативецот на ’Кариоките’.

„Голем фан сум на Сантос, одам на сите натпревари и решив да патува за Јапонија да го гледам Светското Клупско Првенство” – вели Лусиано Капароз Переира.

„Бев разочаран од резултатот, а подоцна дознав дека Нејмар веќе бил продаден. Се чувствував измамен”.

Лусиано Капароз Переира бара обештетување од околу 8400 евра за патот до Јапонија и повредените чувства.