24фудбал

ФИФПро ги советува фудбалерите да не потпишуваат за српски клубови

Унијата на фудбалери (ФИФПро) ги предупредува своите членови да не потпишуваат за клубови од Србија, во спротивно ризикуваат да не добијат плата

Останато

Од ФИФПро велат дека осум од 16. клубови во Првата Лига на Србија имаат блокирани банкарски сметки и не можат да исплаќаат плата на играчите и персоналот.

„Не сакаме да го правиме ова, но нашата работа е да ги заштитиме играчите” – вели генералниот секретар на ФИФПро, Тео ван Сегелен.

„Играчите немаат добиено плата со месеци и се наоѓаат во сериозни финансиски потешкотии. Клубовите се на работа на банкрот”.

„Но тоа не е се, добив шокантни вести за тоа дека еден клуб покажал огромно непочитување кон правата на играчите, и дозволил хулигани да им се закануваат на фудбалерите”.

Ваквите коментари на Ван Сегелен се насочени кон неодамнешниот инцидент во Ранднички Крагуевац.

Играчите на почетокот од овој месец започнаа штрајк бидејќи не им беа исплатени три плати.

На навивачите не им се допадна ваквиот потег, па оние најстрасните влегоа во соблекувалната и се пресметаа со дел од фудбалерите