24фудбал

Хамзаоглу: Пандев е одличен играч, но физички не е добро подготвен

Тренерот на Галатасарај, Хамза Хамзаоглу зборуваше за квалитетите на македонскиот фудбалер кој синоќа во едно полувреме постигна хет-трик и го привлече медиумското внимание на себе.

Македонија
Пандев конечно погоди за Галатасарај, Македонецот долго време чекаше на своите први голови за турскиот тим и кога го направи тоа, го направи со хет-трик.
 
Галатасарај славеше со убедливи 9-1, а на прес конференцијата по натпреварот, тренерот Хамзаоглу проговори и за нашиот Пандев.
 
„Неспорно е дека Пандев е квалитетен играч. Фудбалер кој и те како е важен во нашиот состав. Но во моментов не е најдобро физички подготвен" - вели Хамзаоглу.
 
„Неговото издание на последниот натпревар многу јасно покажа за каков играч се работи. Во изминатиот период работеше напорно и полека почнува да влегува во ритам, но физичката подготвеност не му е на нивото на кое сакаме да биде и која ќе му овозможи да биде беспрекорен на теренот".