24фудбал

Недвед: Можевме да поминеме полошо

Директорот на Јувентус, Павел Недвед е задоволен од денешната ждрека за 1/8 – финалето во Лигата на Шампионите, верува дека ’Бјанконерите’ можат да се надигруваат со Борусија Дортмунд

Лига на Шампиони

Шампионот на Италија во првото коло од нок-аут фазата ќе се сретне со ’Милонерите’, кои имаат солиден настап во Европа но мака мачат во првенството на Германија.

Павел Недвед, кој беше преставник на Јувентус на ждрепката во Нион, е задоволен од противникот.

Чехот вели дека ’Бјанконерите’ можеле да поминат многу полошо, и верува дека тие можат да се надигруваат со Борусија Дортмунд.

„Противникот не е лесен, но можеше да биде многу полошо, постоеше можност да налетаме на Реал Мадрид или Баерн Минхен” – вели Павел Недвед.

„Има неколку екипи со кои речиси е невозможно да се надигрувате, па среќни сме бидејќи добивме тим против кој имаме шанси”.

„Сепак, потребно е да бидеме внимателни, Дортмунд има млади, талентирани играчи кои трчаат многу”.

„Очекувам изедначен дуел”.

„Голем фан сум на филозофијата на Јирген Клоп, и љубопитен сум да го видам нашето ниво во Европа”.

„Дуелите со Борусија ќе ни дадат јасна слика за тоа”.