24фудбал

Рекорден договор за Де Геа

Според пишувањата на The Sun, ’Црвените Ѓаволи’ на Давид Де Геа ќе му понудат мега договор вреден 36,5 милиони фунти за пет години

Англија

24 годишниот Шпанец често се поврзува со враќање во Примера, медиумите шпекулираат дека Реал Мадрид во Давид Де Геа гледа долгорочна замена за Икер Касиљас.

Но Манчестер Јунајтед не планира да се откаже од репрезентативецот на ’Црвената Фурија’, па затоа клубот од Олд Трафорд подготвува нов мега договор за својот прв голман.

Денешното издание на The Sun пренесува дека ’Црвените Ѓаволи’ се подготвени да му понудат на Давид Де Геа пет годишен договор вреден рекордни 36,5 милиони фунти.

Со неделна плата од околу 140 000 фунти, Давид Де Геа ќе стане голманот со најголеми примања во светот на фудбалот.