24фудбал

Челзи ќе биде следната дестинација на Меси?!

Аргентински и англиски медиуми пишуваат дека Лионел Меси веќе го одбрал Челзи, трансферот би требало да се случи во летниот преоден рок.

Англија
Лео Меси не е среќен во Барселона и најверојатно ќе го напушти Камп Ноу во летниот преоден рок.
 
Аргентинецот не е задоволен од односот на клубот кон него, па силни се шпекулациите дека ќе облече друг дрес од следната сезона.
 
Аргентинскиот медиум Direct TV, објавува дека Лео Меси се подготвува за мега трансфер во Челзи, веста ја пренесоа и англиските и шпанските весници.
 
Direct TV набројува повеќе причини зошто Меси би го одбрал токму Челзи, една од нив е Адидас кој треба да помогне да се оствари овој трансфер.
 
Меси е заштитно лице на Адидас кој е подготвен да плати сериозен дел од трансферот за Аргентинецот да се пресели во тим кој го спонзорираат тие.
 
Значајно за него е и пријателството со Фабрегас, особено значајна е дружбата на девојката на Меси, Антонела Рокузо со понежната половина на Сеск, Даниела Семан.
 
Некои медиуми пишуваат дека Меси веќе започнал да го учи англискиот јазик и многу извесен е негов трансфер во Челзи, доколку ја напушти Барса ќе бара предизвик во друга лига, Англија е најлогичната дестинација.