24фудбал

Валенсија и Бетмен нема да ги одмерат силите на суд

Фудбалскиот клуб Валенсија потврди дека имало недоразбиање со DC Comics околу авторските права на лилјакот од нивното лого но негира дека има судски спор

Шпанија

Минатата недела се појавија стории кои велеа дека американската копманија DC Comics го оспорила барањето на ФК Валенсија за регистрација на ново лого со образложение дека тоа многу наликува на логото на нивниот супер-херој Бетмен.

Многумина беа изненадени од вакиот потег со оглед на тоа дека лилјакот е симбол на среќа и чувар на градот на Валенсија, и е дел од логото на ФК Валенсија многу години пред да биде објавен стрип со ликот на Бетмен.

Популарните ’Лос Че’ сега се огласија на оваа тема, клубот од Местаља потврди дека имало несогласувања со DC Comics но појаснува дека нема судски спор бидејќи тие одлучиле да не го менуваат своето лого.

„Во 2012 ФК Валенсија поднесе барање до OHIM за регистрација на нов дизајн на лилјак, кој требаше да се користи за линија на облека. За време на процесот на регистрација, DC Comics достави жалба. Нема судска постапка, ниту пак процес против ФК Валенсија” – гласи известувањето.

„Новото лого во моментов не се употребува и нема планови за негова употреба во иднина”.

„За да се избегнат недоразбињата, ФК Валенсија сака да посочи дека лилјакот кој го употребуваме денес е дел од официјалното лого на клубот од 1922. Логото заедно со лилјакот се заштитени и нивната употреба не подлежи на судски спор”.