24фудбал

Мурињо: Челзи не е заинтересиран за Ројс

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо ги отфрла гласините кои велат дека ’Сините’ се заинтересирани за услугите на Марко Ројс

Англија

По крајот на сезоната ќе се активира клаузула во договорот на Марко Ројс, и играчот ќе биде достапен за само 25 милиони евра.

Па затоа гигантите ширум Европа се заинтересирани за неговите услуги, и се очекува на адреса на репрезентативецот на Германија да присигнат неколку интересни предлози.

Челзи се посочуваше како еден од клубовите кои ќе достават понуда, медиумите шпекулираа дека ’Сините’ се подговени да се откажат од Андре Шурле за на Стемфорд Бриџ да пристигне Марко Ројс.

Сепак, Жозе Мурињо ги демантира ваквите гласини, зборувајќи на прес конференција во Германија, во пресрет на дуелот со Шалке во Лигата на Шампионите, ’Специјалниот’ рече: „Марко Ројс не е на нашата листа со желби”.

„Се работи за топ фудбалер, но веќе сме добро покриени на таа позиција”.

„Нема тајни, имам добар однос со тренерот на Дортмунд и со нивниот спортски директор”.